Сали ќе се вакцинира со трета доза вакцина против Ковид-19

од Берта Китинска
149 прегледи

Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе се вакцинира со трета доза вакцина против коронавирус, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет.

Како што информираат од Министерството за здравство, станува збор за иницијатива на студентите од овие факултети, во насока на промоција на имунизацијата како најдобра јавно здравствена превентивна мерка.