Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани.
-Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Се уште нема конкретно име, рече Сулејмани одговарајќи на новинарски прашања.
На прашањето што очекува да се случува со ДУИ по изборите, рече дека тие како партија се со став дека во ДУИ се потребни промени, но не очекуваат дека нешто драстично ќе се промени во таа партија.
-Очекувани се такви изјави по овој пораз што им го нанесоа граѓаните на последните локални избори. Ние уште одамна имаме дадено изјава дека во ДУИ се потребни промени дека оваа политичка гарнитура нема реална визија како да се напредува во оваа држава и цело време имаат деклартивно влијаеа на целата политичка сцена. Се надеваме дека сериозно ја сфатија пораката на граѓаните и оти ќе има реформи таму, но очекуваме дека тие реформи ќе бидат ќе траат малку подолго со оглед на тоа дека ги знаеме како досега настапувале на политичката сцена и не сме многу оптимиси дека реално ќе има некакви промени во нивниот политички табор, рече Сулејмани.