Сали: Медицинските сестри-акушерки се синоним за раѓање нов живот

од Nikola Popovski
269 прегледи

По повод Меѓународниот ден на акушерките – 5 мај, министерот за здравство Беким Сали денес беше во посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Тој нагласи дека медицинските сестри акушерките се синоним за раѓање нов живот, важна алка во гинеколошкиот тим и значајна поддршка на идните мајки за олеснување на породувањето.

-Токму на нивниот ден, заедно со менаџментот на ГАК им се заблагодаривме за нивниот професионален ангажман и непрекинатата грижа за мајките и новороденчињата и токму од оваа Клиника заеднички го означуваме почетокот на недела на сестринството, што годинава се одбележува под мотото „Медицинските сестри – глас што води“, изјавил министерот.

Слични содржини