Сали најви Закон за сестринска дејност

од Берта Китинска
203 прегледи

Министерот за здравство Беким Сали и заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски денеска се сретнаа со претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

На средбата, како што објави на својата фејсбук страница Министерството за здравство, се разговараше за суштинските прашања од областа на сестринството.

– Еден од приоритетите е дека во изработка е Закон за сестринска дејност со кој би се уредиле бројните проблеми кои се наталожени во изминатите години. Министерството го задолжи Здружението да работи заедно со правната служба со цел поскоро донесување на Законот. Воедно, министерот Сали и заменик – министерот Рендевски изразија благодарност до сите медицински сестри за успешното справување со Ковид кризата, посочуваат од Министерството за здравство.

Слични содржини