Министерот за здравство Беким Сали за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести ја именува д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, додека за нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ја именува д-р Виолета Клисаровска.
Новоназначените директорки, како што соопшти Министерството за здравство, се именувани како вршители на должност до именување медицински директор, по распишување конкурс, но не подолго од шест месеци.
Вчера др.Софијанова и др.Васев, поднеле оставки, на барање на министерот за здравство, Беким Сали.
Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, се вели во соопштението на Министерството за здравство.