Сали: Не сме за задолжителна вакцинација

од Nikola Popovski
621 прегледи

Ковид-сертификатите остануваат на сила во моловите и угостителските објекти, затоа што сметаме дека се уште нашиот процент на имунизација е низок за да размислуваме за укинување, вели министерот за здравство, Беким Сали.

Тој вели дека како Министерство водат полиберална форма на политика против кризата.

-Правото е на секој поединец да одлучи дали да се вакцинира или не. Во некои околности треба да инсистираме на вакцинација, но не сме за задолжителна вакцинација. Како најризична група се граѓаните над и под 70 години со коморбидитети. Се фокусираме преку матичните лекари да повикуваме за вакцинација кои се потенцијален ризик за последици после ковид-инфекција. Сметам дека треба да се апелира до сите пријатели и роднини да се вакцинираат, за да го заштитиме населението, рече Сали.

Министерот повтори дека вакцината штити од потешка форма на болеста.

-Ако се докаже дека вакцината е единствен начин за заштита, зошто да не пристапиме кон тоа, наведе Сали.

Слични содржини