Сали: Нема прекршување на ингеренциите при праќањето екипа на аеродромот да ја смири ситуацијата

од Nikola Popovski
135 прегледи

Се додека не е разјаснето од истражните органи, не можам да кажам или да бранам некого, ниту да обвинувам за некоја постапка. Немам видео-доказ, ниту аудио, изјави членот на коалицијата ВЛЕН и екс-министер за здравство, Беким Сали откако беше запрашан за негов став – дали е потребна политичка одговорност и оставка од страна на спикерот Африм Гаши по инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродорм.

Сали вели дека не знае што се случило на аеродромот и смета дека нема прекршување на ингеренциите со тоа што „се пратила екипа која што ќе ја смири ситуацијата“.

-Немаме став како партија во врска со ова, додаде членот на партијата Алтернатива околу евентуална одговорност кај Гаши.

Слични содржини