Министерот за здравство, Беким Сали вечерва информира дека од денес во наредните две недели, Инфективната клиника ќе биде затворена поради дезинфекција и бојадисување на просторот.
-Вработените не можеа да одморат во овие две години, додека ковид-кризата имаше голем замав, па така сега ќе можат да имаат слободни денови. Ќе бидат слободни две недели. Ако не дај Боже има потреба, сите се на повик, рече Сали во емисијата „Клик плус“.
Во однос на извештајот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со приемот и реанимацијата на ракометарот Денис Тот на КАРИЛ, министерот информира дека здравствените институции постапиле професионално во третманот.
-Во делот на судска медицина се уште чекаме извештај да ни стигне за да видиме дали се согласуваат, вели Сали.