353
Министерот за здравство, Беким Сали денеска информираше дека ја примил третата доза од вакцината против Ковид-19 и упати апел до сите граѓани да го сторат истото.
-Ја примив третата доза Фајзер и одлично се чувствувам. За сите граѓани кои се двоумат околу вакцинацијата сакам да испратам порака дека таа е сигурна и безбедна и дека е најдобар начин за заштита од коронавирусот. Здравствените политики ќе ги насочиме кон промоција на имунизацијата и сакам да апелирам дека нашата држава и народ имаат потреба од додатна стимулација за вакцинација затоа што досегашниот процес не е задоволителен, потенцира Сали пред новинарите.