Министерот за здравство Беким Сали попладнево соопшти дека се уште е рано да се размислува за укинување на ковид-сертификатите, откако дел од европските земји почнаа со таква практика.
-Рано е за таква одлука, затоа што нивото на вакцинација на популацијата е многу помала од земјите што ги укинуваат. Важно е да продолжи имунизацијата. Апелирам граѓаните да се имунизираат, рече министерот.
Според него, исполнетоста во болниците е околу 55 до 60% на креветите.
-Се уште располагаме со капацитети. Тоа се општите клиники по градовите, Инфективната клиника и болницата 8-ми септември. Интерните клиники можно е повторно да станат ковид-центри, ако дојде до нагло зголемување на бројката на пациенти, иако во моментов се уште сме далеку од тоа, информира Сали.