Министерот за здравство Беким Сали денес го разрешил од функцијата и организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.
Од ресорот здравство велат дека е поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување.
Претходно директорката на Универзатската клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Клиниката за радиотерпаија и онкологија, д-р Никола Васев поднеле оставки на барање на Сали.
-Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, се вели во соопштението на Министерството за здравство.