Сали: Се ближи пикот на новиот бран

од Берта Китинска
168 прегледи

Ако се гледа според искуството на досегашните бранови на зараза со ковид-19, сега се наоѓаме пред пикот на моменталниот бран, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

-Секојдневно имаме благо зголемување на новоинфицирани во државата. Ова е период на туризам, наши граѓани одат на странство и се враќаат странци кај нас. Скопје сè уште е жариште, црвена зона во однос на новозаразени, новоинфицирани лица, но во однос на оптоварување на системот сè уште сме во жолта зона. Од искуството на четирите брана, кои траат по 8 недели секој бран , ние сме во третата, односно идната недела во четвртиот бран пред пикот на новоинфицирани, но со ковидот не сме никогаш на сигурно, нагласи Сали.

Тој го повика населението со хронични болести да се вакцинира со трета и четврта доза, доколку не го сториле тоа, за да се избегнат компликации Сали, исто така препорача сите кои се самотестираат да се изолираат превентивно дома 3 дена.

Слични содржини