179
Преку социјалните мрежи, министерот за здравство Беким Сали упати јавен повик до здравствените работници.
-Ве повикувам сите кои сте подготвени да учествувате во тековните хуманитарни активности во Република Турција по разорниот земјотрес. Вашето знаење и искуство во областа на медицината се непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена. Доколку сте заинтересирани да учествувате, пополнете го формуларот на линкот подолу, а ние ќе обезбедиме дополнителна логистика, напиша Сали.
Ги повика здравствените работници да се придружат и да ја покажат солидарноста и знаењето со цел, како што наведува, да им се помогне на оние на кои навистина им се потребно.