Сали уверува: По Нова година нема да се зборува дали мамографија има во Неготино или дали ќе се снима во Струга

од Nikola Popovski
194 прегледи

Министерот за здравство Беким Сали информира дека „после Нова година веќе нема да се зборува дали мамографија има во Неготино, дали ќе се снима во Струга или дали ќе се добие услуга во Штип“.

-Во очекување сме на реализација, потпишан е договорот со изведувачи, на инсталација на најсовремена опрема во најмалку 12 јавни здравствени установи, почнувајќи од мамографи, дигитални ренген апарати, па до ангиографи и компјутерски томографи. Така да во очекување сме на реализација, работиме напорно во сите установи, градежните работи се во тек и овие проблеми што ги имаме ќе бидат до крајот на годината. Потоа нема да има потреба за тоа прашање, рече Сали на отворањето на новиот дијагностички центар за магнетна резонанца.

Тој потврди дека има кој да работи со апаратите.

-Должност на добавувачи на компании кои што ја инсталираат опремата е и обука на кадар кој што ќе работи со нив. Распределбата на опремата ја правиме во однос на имање на кадар и потенцијал за давање на таа услуга, додаде Сали.

Слични содржини