236
Посакувајќи им побрзо закрепнување на хоспитализираните пациенти, денеска, го посетив Ковид центарот во болницата во Кавадарци, информираше министерот за здравство на својот Фејсбук профил Беким Сали.
-Здравствените работници во овој, како и во останатите ковид центри го вложуваат својот максимум за да им помогнат и соодветно да ги згрижат болните.
Заедно со нив уште еднаш испраќаме апел за важноста на вакцинацијата, која е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштита на здравјето на населението. Единствено со зголемен опфат на вакцинација, како и со почитување на мерките за заштита и превенција ќе се избориме со ковид пандемијата, вели Сали.