Министерот за здравство Беким Сали ја посети Градската општа болница „8 Септември“ каде веќе две години, од почетокот на корона пандемијата, се лекуваат пациенти со ковид.
„На средбата директорот др. Христијан Костов ме информираше дека годинава се извршени 36.000 прегледи во трите инфективни амбуланти и во тријажниот центар на пациенти позитивни на ковид или суспектни на вирусот. Во изминатите месеци во болницата биле хоспитализирани 7.000 ковид позитивни пациенти. Во рамки на третманот и лекувањето на овие пациенти се извршени 17.600 биохемиски анализи и 21.100 крвни анализи на трансфузиологија (хемостаза со Д Димери). Од оваа перспектива, може да се каже дека ГОБ „8 Септември“ изминатиот период се соочи со исклучително голем предизвик на кој одговори успешно и со полн капацитет, имајќи предвид дека ГОБ „8 Септември“ е комплетно опремена и подготвена за вршење целосен дијагностички и терапевтски третман, со најсовремена медицинска опрема и обучен стручен кадар, вели Сали.