Министерот за здравство, Беким Сали попладнево информира дека го посетил ковид – центарот на Кожната клиника.
-Посакувајќи им што побрзо закрепнување на болните, би сакал да истакнам дека сите капацитети се ставени во функција, а нашите здравствени работници го вложуваат сиот свој потенцијал за да им помогнат на болните.
Посакувам сликите што ги гледаме од граѓани кои се борат со вирусот и последиците од него повеќе да не ги гледаме во иднина. Верувам дека сите граѓани не поддржуваат во ова. Во оваа прилика, сакам да испратам апел дека вакцинацијата е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштитата на здравјето на населението, објави Сали.
-Тој побара од населението да се вакцинира. Токму со тоа и со следење на сите мерки на претпазливост, не само што ќе го намалите ширењето на вирусот, туку и ќе го намалите притисокот кон нашите здравствени работници кои неуморно работат за да не’ чуваат безбедни. Само обединети ќе го надминеме заедничкиот непријател – пандемијата. Вистината е едноставна: никој не е безбеден се’ додека не се безбедни сите.
Помогнете, поддржете ја вакцинацијата, да го вратиме нашиот живот таков каков што сакаме да биде, апелира министерот.