Не сите матични лекари, односно од примарното ниво, штрајкуваат, вели министерот за здравство Беким Сами.
„Ова не е протест, ова е штрајк со тридневно изразување револт кон политиките на Министерството за здравство. И во минатиот период повикав на разбирање и заедничка соработка затоа што пациентите не треба да бидат жртва на одредени политики кои каснат. Очигледно, ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел, тоа се 25 проценти од матичните лекари, две здруженија од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од штрајкот и не се вклучија во бојкотот на работата во кој подебелиот крај го извлекуваат пациентите, а не системот “, рече министерот Сали.
Матичните лекари вчера го започнаа тридневниот протест со кој се бара зголемување на капитацискиот бод поради порастот на трошоците за живот.