Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, изрази верба во професионалниот однос на големата ѕвезда на тимот Роберт Левандовски, иако тој трет ден по ред доцни на тренингот на Баварците со оглед на желбата да се пресели во Барселона.
„Никогаш не сум се сомневал дека Роберт може да штрајкува. Тој е врвен професионалец кој многу добро го познавам и никогаш не се сомневав дека можеби нема да се појави на тренинг“, изјави Салихамиџиќ за подкастот на Баерн инсајдер пред новинарот Кристијан Фалк.
Тој зборуваше и за преговорите за доведување на Матијас де Лихт од Јувентус.
„За мене беше важно да седнам на иста маса со шефовите на Јуве – Маурицио Аривабене, Федерико Черубини и Павел Недвед. Таму играв четири години и имам добри односи со клубот. Имавме два разговори, сега треба да бидеме трпеливи и да видиме што ќе се случи. Генерално сум оптимист. Ако го погледнете нашиот состав, мислам дека сме добро опремени и можеме да се радуваме на следната сезона. За играчите е атрактивно да се соочат со иднината со овој клуб и тренер“, додаде Брацо.
Шефот на Баерн, исто така, разговараше за можноста дали клубот може да направи изненадување на трансфер пазарот ова лето.
„Мислам дека сега сме во добра позиција бидејќи веќе направивме некои работи. Ова ни олеснува на трансфер пазарот. Ќе ги држиме очите и ушите отворени, ќе следиме што се случува на пазарот и ќе го правиме најдоброто за Баерн. Размислуваме што би го засилило нашиот тим. Не сакам да кажам ништо повеќе. Нека биде изненадување, а ние да продолжиме да работиме“, додаде тој.