Салихамиџиќ: Левандовски не оди никаде, му објаснивме сѐ

од Nikola Popovski
297 прегледи

Роберт Левандовски е во доцните играчки години, но 33-годишниот напаѓач се уште е во самиот врв на европскиот фудбал. Неговата приказна со Баерн Минхен изгледаше како бајка, но нешто тргна наопаку, па сега напаѓачот на Баварците сака по секоја цена да го напушти Минхен.

Сепак, проблем е договорот што го врзува со овој клуб на уште една година, а спортскиот директор на германскиот гигант Хасан Салихамиџиќ истакна дека не се зборува за разделба.

„Ми се јави. Меѓу другото, разговаравме и за неговите јавни настапи. Му објаснив каква е ситуацијата во врска со неговиот договор“, откри популарниот Брацо за германски „Билд“.

За Левандовски веќе подолго време е заинтересирана Барселона, а и самиот Полјак би сакал да замине во Каталонија, но „камен на сопнување“ е цената што ја бара Баерн, бидејќи наводно не се согласуваат на помалку од 40 милиони евра.

Слични содржини