Легендарниот фудбалер од БиХ, Хасан Салихамиџиќ би можел да се врати во Јувентус ова лето по 14 години. Така велат извори од италијанскиот „Тутоспорт“, кој ја донесе веста дека популарниот Брацо би можел да стане нов спортски директор на „Старата дама“ од Торино.
Имено, италијанските медиуми најавуваат големи промени во Јувентус, кој во последните сезони не беше ни блиску до нивото на кое сме навикнати да го гледаме во претходните години, кога доминираше во италијанскиот фудбал.
Џорџо Киелини треба да биде задолжен за организациската реконструкција на Јувентус, а наводно веќе го контактирал Салихамиџиќ со понуда да стане спортски директор на клубот.
Киелини многу го цени Салихамиџиќ и неговото знаење што го покажа во Баерн Минхен, каде што ја имаше истата улога.
Револуцијата во Јувентус веќе започна со назначувањето на Дамиен Комоли за извршен директор, а Киелини и Салихамиџиќ треба да бидат следните што ќе станат дел од новиот тим.
Салихамиџиќ е невработен подолго време, откако го напушти Баерн пред повеќе од две години – во мај 2023 година.
За потсетување, легендарниот Брацо го носеше дресот на Јувентус за време на неговите играчки денови, од 2007 до 2011 година, и во тој период одигра 73 натпревари во црно-белиот дрес, постигнувајќи осум гола и регистрирајќи пет асистенции.
Јувентус едвај заврши на четвртото место во неодамна завршената сезона, што е последното место што води кон Лигата на шампионите следната сезона.
„Старата Дама“ не ја осовила шампионската титула пет години.