Саливeн: Кина да дозволи истрага за потеклото на ковид или следи изолација

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен изјави дека Кина ќе се соочи со „меѓународна изолација“ доколку не соработува за време на понатамошните истраги за утврдување на потеклото на коронавирусот.

Саливен го пофали американскиот претседател Џозеф Бајден што им рекол на своите колеги од Г7 да ја „притиснат“ Кина да дозволи отворена истрага за потеклото на пандемијата, објави „Фокс њуз“.

„Она што Бајден го стори во Европа минатата недела се нарекува зближување на демократскиот свет со заеднички глас за ова прашање, првпат по избувнувањето на пандемијата. Поранешниот претседател Трамп не можеше да го стори тоа, а Бајден го стори. Ги обедини Г7 за да сите ја поддржат изјавата во која се наведува дека Кина мора да дозволи истрага на нејзината територија“, рече Саливен.

Американскиот советник за национална безбедност рече дека Кина има два избора- или да дозволи, на разумен начин, истражителите да ја извршат вистинската работа и да разберат од каде потекнува вирусот, или ќе се соочи со меѓународна изолација.

Слични содржини