Салма Хајек доби торта во лице за својот роденден (ВИДЕО)

од Vlatko K
223 прегледи

Вчера, холивудската убавица Салма Хајек го прослави својот 53-ти роденден и го обележа со жешка
фотографија (https://standard.mk/salma-hajek-na-53-godini/) во костим за капење на нејзината
официјална страница на Инстаграм. Но, тоа беше само почеток …

истинската забава на нејзиниот личен празник беше во Лондон, каде актерката прослави во
типично мексикански стил.

https://www.instagram.com/p/B16zZ8oH-2o/?utm_source=ig_web_copy_link

„Има ли подобар начин да го одбележам мојот роденден од ова – да бидам со моето семејство и
пријателите, да уживам во убавото лондонско време со група жени- маријачи, многу текила, вино,
вкусна храна, љубов … танцувајќи и пеејќи лошо“, напиша таа под видео што го сподели на
социјалната мрежа.

Но, каков би бил мексиканскиот дух без „автентична“ традиција? За да ги исполни сите обичаи,
сопругот на Хајек, францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино, одлучи да и го турне лицето во
тортата.

„Ја сакам оваа мексиканска традиција, но најдобриот дел е бакнежот“, сподели актерката во
видеото во кое се прикажува токму тој момент по кој нејзиниот сопруг нежно ги допира усните, без
да се грижи за кремот и чоколадото на нив.