Салма Хајек на 53 години

од Vladimir Zorba
653 прегледи

Денес актерката Салма Хајек наполни 53 години, но нејзината возраст воопшто не и пречи.

За да прослави уште една година од нејзиниот живот, Салма објави фотографија со костим за капење, покажувајќи ги нејзините прекрасни облини, а под кадарот напиша: „Утре полнам 53 години, па што?“

Облините на актерката брзо заработија десетици комплименти, заедно со желбите за роденден.

Хајек е една од ретките холивудски sвезди кои често се појавуваат без шминка и со задоволство го прифаќаат својот изглед.

Не еднаш во интервјуа таа споделила дека не се бори со времето, но вложува напори за нејзиното здравје, што исто така се исплати за нејзиниот надворешен изглед.