Актерката Салма Хајек присуствуваше на гала-вечерта на доделување на Оскарите, но сите можеа да забележат дека таа воопшто не беше присутна на ниту една забава потоа.
Таа за медиумите откри дека морала итно да отиде во болница веднаш по завршувањето на церемонијата, бидејќи нејзината менаџерка Евелин О’нил имала мала несреќа. Евелин паднала и се повредила, а бидејќи се блиски пријателки со актерката, било сосема нормално Салма да остане со неа додека да ја отпуштат од болница.
На актерката не ѝ било важно што пропушта забави, бидејќи ѝ било важно нејзината пријателка да се чувствува добро. Целата ноќ ја поминала во синиот фустан на Гучи кој го носеше во текот на церемонијата.
As the parties were just getting started my date, friend, and manager, Evelyn O’Neill had a little accident, and I had to rush her to the ER where we spent the rest of the #Oscar night until the sun came up. pic.twitter.com/zcSWEsitBr
— Salma Hayek (@salmahayek) February 11, 2020