Салма Хајек: Семејството ме принуди да се омажам, имав фобија од брак

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Актерката Салма Хајек се омажи за францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино на Денот на вљубените во 2009 година во интимен амбиент во Париз. Меѓутоа, актерката неодамна призна дека многу се плашeла од брак.

Во интервју за „Гламур“ таа откри дека нејзината церемонија за регистрација била целосно изненадување и дека не учествувала во планирањето на ништо.

„Тој ден не ни знаев дека ќе се мажам. Тоа беше како интервенција. Мислам дека никогаш не ја раскажав оваа приказна. Ме однесоа на суд. Моите родители, брат ми, сите се свртеа на мене. Имав фобија од брак“, навела таа.

И покрај првичната неволност, Салма на крајот се согласила на брак. Таа објасни дека упорноста на нејзиното семејство била една од причините што на прво место се венчала.

„Бев нервозна“, се сеќава таа. Откако парот разменил завети, сите прославиле на прием, кој исто така не бил организиран од Салма Хајек.

„Потоа имаше ручек во куќата на неговите родители. Свекрва ми веќе подготвуваше ручек. Немав избор“, изјавила актерката.

Тие одличиле да се венчаат уште еднаш во друштво на нивните најблиски пријатели и семејството, во април 2009 година. Салма Хајек се согласила да се омажи за Пино по три години врска, кога тој ја запросил по трет пат.

Сега, 14 години по склопување на нивниот брак, врската на Салма и Пино е посилна од кога било. Двојката ја има 16-годишната ќерка Валентина Палома, а Салма ја прифатила улогата на маќеа на трите деца на Франсоа-Анри од претходните врски.

Размислувајќи за нивната долготрајна љубов, Салма му припишала заслуга на својот сопруг што ја поддржувал и видел во неа квалитети кои таа никогаш не ги видела во себе.

Слични содржини