Салма Хајек за „Оскарите“: Најмногу ми се допадна масажата на мојот сопруг

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Салма Хајек сподели еден од нејзините најдобри моменти за време на „Оскарите“ и нејзиниот избор беше дефинитивно изненадувачки.

Излезе дека во текот на вечерта, носителката на престижната награда најмногу уживаше во моментот кога … добила масажа на нозете.

Хајек не објасни кој е нејзиниот масер, но не е тешко да се претпостави дека нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино го направил гестот.

Бизнисменот се погрижил за удобноста на неговата сакана во оваа ѕвездена ноќ.

Салма Хајек беше една од актерките кои дефинитивно го привлекоа вниманието на црвениот килим. За жал, во лоша смисла на зборот.

Таа беше номинирана за најлошо облечена на доделувањето на „Оскар“.

Се чини дека сепак актерката не се грижи за неодобрувањето на другите и сè уште ужива во убавите сеќавања од настанот на годината.

Слични содржини