Салвини негира дека Лига е десничарска партија

од Aleksandar Petrovski
228 прегледи

Лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини негираше дека неговата партија Лига, е екстремно десничарска партија, претставувајќи ја како умерена партија што сака поддршка од гласачите кои ја избегнуваа порано.

– Ние не сме радикална десница. Немаме амбиција да бидеме претставени во Италија како радикална десница, рече Салвини, кој излезе од Владата минатата година и всушност е лидер на опозицијата.

Тој пред странските новинари посочи дека „секој трет Италијанец гласа за Лигата, така што е јасно дека партијата мора да разговара со сите, не само со радикалната десница“.

Лигата е се уште најпопуларна италијанска партија со поддршка од околу 30 проценти од Италијанците.

Слични содржини