825
Самка Ибраимовски, член на партијата ПЦЕР и поранешен пратеник, негира дека се заканувал преку социјалните мрежи.
Тој истакнува дека, како предлагач на законот за извршување, има право да го критикува судот. Уставниот суд го пријави Ибраимовски за закани, по што беше повикан во полиција.
„Денеска (24.6.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“, се вели во соопштението на МВР.