Само 1 од 6 Германци без колебање би се борел за земјата во војна

Истовремено, повеќе од една четвртина од анкетираните (27%) велат дека можноста за воен напад врз Германија во следните 5 години е многу или донекаде веројатна.

од desk2
27 прегледи

Само `околу` 1 од 6 Германци вели дека без колебање би се борел во случај на воен конфликт, открива нова социолошка студија во Германија.

Германскиот институт „Форса“ го спровел истражувањето кое покажува дека 16% од анкетираните „со сигурност“ би се бореле, а други 22% велат дека „веројатно“ би го правеле тоа.

Големо мнозинство од 59% анкетирани се со став „веројатно не“, односно не се спремни да ја штитат Германија со оружје ако земјата биде нападната. Меѓу жените, тој процент изнесува 72%.

Истовремено, повеќе од една четвртина од анкетираните (27%) велат дека можноста за воен напад врз Германија во следните 5 години е многу или донекаде веројатна.

Исто така, 59% од анкетираните сметаат дека е многу веројатно Германија во тој период да треба да достави воена помош на друга земја-членка на НАТО.

Анкетата опфатила околу 1.000 германски граѓани, а е спроведена на 28 и 29 јули, во време кога во Европа сѐ почесто се слушаат предупредувања од политичари и аналитичари дека е можно до 2030 година Русија да нападне некоја членка на НАТО.