Офанзивниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт се враќа на тренинзите со својот тим по тримесечна пауза поради повреда на препоните. Маунт одигра 13 натпревари оваа сезона, но на ниту еден од нив нема постигнато гол или асистенција. Тој пристигна во Јунајтед пред две години и беше платен 65 милиони евра.
Тој не се покажа како засилување. Постигна само еден гол на 32 натпревари кои ги одигра во повеќе од две сезони. Маунт ја започна својата кариера во Челси и благодарение на добрите настапи во Лондон заработи повик во репрезентацијата на Англија. За неа има 36 настапи и пет гола.
Манчестер Јунајтед е лош според нивните стандарди оваа сезона. Тие се на 14. место во Премиер лигата и испаднаа од ФА Купот од Фулам. Во Лигата на Европа во четврток на „Олд Трафорд“ го играат реваншот од осминафиналето против Реал Сосиедад. Првиот натпревар заврши 1:1.