Само 360 граѓани аплицирале за работа во „Бехтел и Енка“, засега потребни се 2000 работници

од Nikola Popovski
284 прегледи

Околу 360 граѓани аплицирале за работа во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава. Ова денеска го обелодени премиерот Димитар Ковачевски по отпочнувањето на градежните активности од изградбата на автопатот на Коридор 10-д, делница Прилеп – Битола.

Според него, тоа е малку, ако се земе во предвид дека најмалку во моментов на „Бехтел и Енка“ им требаат 2000 наши работници.

Затоа овие саеми за вработување сакам да бидат поттик за сите наши сограѓани, без разлика на возраста. Вакви саеми ќе има и во други градови, не само во овој регион, со цел а бидат пополнети со наши македонски работници. Потребата од работници ќе се искачи до 8000, во текот на продолжување на изградбата, на двата патни правци кои што Бехтел и Енка ги работи, рече Ковачевски.

Пред два дена и вицепремиерот Артан Груби ги повика граѓаните да аплицираат за работа, затоа што се потребни работници.

Според договорот, изградбата на три делници на Коридорот 8 и една на Коридорот 10д треба да заврши за 4 години и 7 месеци, а треба да чини 1,3 милијарди евра, сума која може да биде надмината. Од сумата, досега на сметката на „Бехтел и Енка“ се легнати 174,5 милиони евра, од предвидените 243 милиони за оваа година.

Слични содржини