Само дел од таксистите се фискализирани

од desk2
138 прегледи

Само дел таксисти издаваат сметки од кои граѓаните може да направат поврат на ДДВ. Од УЈП објаснуваат дека таксистите се ДДВ-обврзници, но дел имаат, а добар дел немаат таксиметар поврзан со Управата за јавни приходи.

Изминативе неколку години, со одлука на Влада, за таксистите постојано се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС-уред, до крајот на годината. Со последната одлука, рокот за фискализација на таксистите е пролонгиран до 31 декември 2019 година.

Тоа значи дека само сметката од таксиметар на која има бар код може да ја скенирате за да добиете враќање на дел од платениот ДДВ за превозот.