Само еден случај на на ХИВ/СИДА во Дебар и Центар Жупа

од desk4
97 прегледи

Само еден случај на лице заразено со вирусот на ХИВ/СИДА е регистрирано во општините Дебар и Центар Жупа.

– Случајот е регистриран пред осум години. Станува збор за жена тогаш на возраст од 28 години, која е во добра општа состојба, информираше Баки Халили, директор на Општата болница во Дебар, по повод Светскиот ден за борба против СИДА-та.

Тој додаде дека установата располага со потребните брзи тестови, но нема интерес за правање на таков тест.