Само една личност смее да го види Шумахер и тоа е овој човек!

од Nikola Popovski
258 прегледи

Изминативе денови многу се зборуваше за Михаел Шумахер. Откако ја следевме драмата околу неговиот брат Ралф, кој објави дека е геј и поради тоа ја налути поранешната сопруга, повторно се зборуваше за семејството Шумахер поради венчавката на ќерката на Михаел. Наводно, Михаел се појавил на свадбата на Џина Шумахер и одбрани гости можеле да видат како е тој, а сега англиските медиуми открија дека само еден Формула 1 возач има дозвола да го посети!

Откако најголемиот возач во историјата доживеа несреќа на скијање во 2013 година на француските Алпи, многу малку луѓе имаат пристап до него и можат да го видат и да поминуваат време со Шумахер. Здравствената состојба на сега 55-годишниот поранешен Ф1 возач е обвиткана во тајност, а неговата сопруга Корина внимателно избира кој може да го види.

Сега се пишува дека семејството му дозволило само на еден поранешен колега да го посети кога сака, а тоа е Фелипе Маса. 43-годишниот Бразилец во кариерата возеше за Заубер, Ферари и Вилијамс и има 11 победи и 41 подиум. Во 2006 година дојде од Заубер како млада надеж да му биде партнер на Шумахер и требаше да остане само една сезона, но бидејќи Шумахер го напушти тимот по таа година, во италијанскиот тим остана до 2013 година.

Иако заедно возеле само една година, јасно е дека создале посебна врска, а освен Маса, од Ферари може да го види само поранешниот шеф на Скудерија, Жан Тод.

Неодамна неговото семејство имаше многу проблеми со уцените бидејќи група хакери наводно украле информации за Шуми од хард дискови, но тоа завршило само со тужба.

Слични содржини