Поранешниот Претседател на Р. Македонија, Бранков Црвенковски, вечерва во Топ Тема на телевизија Телма порача дека единствен начин да се собори овој тотоалитарен и владеачкиот режим во државата, е преку политиката на отпор, масовни протести и различни форми на граѓанска непослушност, и вклученост на секој поединец кој е против ваквото владеење.
„Се што мрда, а што размислува понаку од режимот, треба да биде дел од тоа широко народно движење, не може СДСМ сам да го победи ВМРО, ќе треба да се обедини се во државата и да се урне овој режим. Кога зборува за широко движење не мислам само на македонско, туку мислам ни вистинско, граѓанско мултиетничко движење“ изјави Црвенковски.
За неколку месеци ќе се покаже дека е неопходно се што е опозиција да се обедини во ист фронт. Тој фронт, треба да биде мултиетнички. Не е доволна само македонската опозиција туку треба мултиетнички фронт. Ваков режим треба да биде поразен само од народот. Ако тој фронт биде само од една партија, тој фронт нема да успее, изјави Црвенковски во интервјуто со Снежана Лупевска, кое е во тек.
Ова е период во кој бараме решение на политичката криза во Македонија. Таа криза е многу подлабока и многу поширока. Таа е политичка и институционална. Имаме приватизирани институции. На Македонија и е неопходно потребно редизајнирање на целокупниот систем. Тоа ќе биде макотрпна работа. Но прв предуслов за тоа е оваа влада да замине. Овде не говориме за битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ оцени Црвенковски.