САМО СЕВЕРИНА ГО МОЖЕ ОВА: Пејачката се фотографираше во костим за капење и направи „лето“ од јануари (ФОТО)

од Nikola Popovski

Пејачката Северина Којиќ изгледа дека не може да го дочека летото, па ѝ пркоси на зимата објавувајќи фотографии во костими за капење, а на своите обожаватели кои ја следат на Инстаграм повторно им приреди изненадување

48-годишната пејачка објави нова фотографија на која позира во син костим за капење со интересно деколте.

„Big blue“, напишала кратко покрај фотографијата.

„Колку убавина на едно место“, „Ти си убава“, „Ти секогаш ќе биде најдобра, драга Северина“, „Колку си убава“, „Сина, сина, ја сакам сината“, „Убавица“, се дел од комплиментите што ги доби во коментарите.

Минатата недела Северина, исто така во костим за капење, се осврна на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, во соодветно издание со мотив на американското знаме, а во исто време ја искористи можноста да го искаже своето мислење за Меланија Трамп.

Слични содржини