Само што поднесе оставка: Саутгејт го чека нова работа

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Само што поднесе оставка како селектор на Англија, Герет Саутгејт го чека нова работа – на телевизија.

Поранешниот дефанзивец на Кристал Палас, Астон Вила и Мидлсброу повторно ќе работи како „пандит“ (стручно-аналитички коментатор или консултант) за ITV, бидејќи Гери Невил ќе се врати во Sky Sports, објави „Дејли Меил“.

Тоа не би бил негов прв ангажман на истата телевизија. Саутгејт во живо пренесуваше од Светското првенство во Германија 2006 година и ја имаше споменатата улога.

Како тренер, каков што е од 2016 година, Саутгејт го предводеше Горди Албион до две финалиња на шампионатот на Стариот континент (2021 и 2024 година), полуфиналето на Светското првенство во Русија во 2018 година, како и четвртфиналето на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Немаше среќа ниту како репрезентативец. Пошироката јавност долго го поврзуваше со промашениот пенал во пенал рулетот против Германија во полуфиналето на ЕП во 1996 година кога Англија беше домаќин.

Слични содржини