Што е најважно за стилот – оригиналност или исполнување на критериумите на естетика, какви што предлага модата?
Идеално е ако тие работи се поклопат. Интересно е кога ќе се направи исчекор кон оригиналноста и смело ќе се понуди лично гледање на естетиката, но сето тоа може да испадне и многу погрешно. А Мадона што направи?
Таа бира оригиналност, смелост и уникатност. Ова можеби е крупен чекор за некого, но не и за Мадона, која во Бруклин каде пристигна за концерт, се појави облечена во необични тренерки – комбинација од бермуди и дуксер, искомбинирани со шарен шешир, големи очила за сонце, црни чорапи и елегантни чевли.
Мадона ретко е на листата модни промашувања, а во сите други случаи е моден иноватор. Едноставно своите идеи веднаш храбро ги реализира.