Само три лица се појавиле на протестот „Правда за Вања“ пред домот на девојчето

од Nikola Popovski
597 прегледи

На денешниот протест за воведување смртна казна и давање поддршка за семејството Ѓорчевски, насловен како „Правда за Вања“ се појавиле само тројца граѓани, не знаејќи дека протестот е откажан. Собирот требало да се одржи пред домот на убиената во скопско Дебар Маало.

Демонстрантката Нермина Кочан го изразила своето разочарување и незадоволство, нагласувајќи дека толку мал одѕив е срам за Македонија.

– На протестот кој беше јавен повик за воведување на смртна казна, каде требаше да се покаже почит кон семејството, односно кон мајката на малата Вања, бидејќи очигледно немала семејство, веројатно имала само еден родител, моментално има само тројца. Ова е срам за Македонија и срам за Скопје. Не е во ред да нема никој сега кога треба на некого да му се даде поддршка, вели Кочан во изјава за медиумите.

Иако убиството на 14-годишната Вања Горчевска предизвика шок и силно одекна во јавноста, повиците за смртна казна, како и апелите за масовни протести не го добија очекуваниот одзив. Протестот претходно беше најавуван на социјалните мрежи.

Како што претходно се соопшти полицијата, Вања била киднапирана од зградата во која живеела изутрината околу 7:30 часот. Киднаперите на чело со Љупчо Палевски-Палчо ја врзале и ја ставилево автомобил.

Три часа по киднапирањето таа била убиена. Полицијата се сомнева дека киднаперите ги фатила паника бидејќи нејзината мајка рано пријавила се и се огласила во медиумите.

Тројца од уапсените го признаа своето учество во злосторството, додека таткото на Вања негираше вмешаност. Палчо беше уапсен во Турција и чека екстрадиција во земјава.

Мајката на Вања, Зорица, претходно за медиумите изјави дека се сомнева дека нејзината ќерка е киднапирана.

Слични содржини