Само целосно вакцинираните ќе можат да влезат во САД

од Nikola Popovski
312 прегледи

Новата американска политика за патување бара вакцинација за странските државјани кои патуваат во САД, а ќе започне да се применува од 8 ноември – изјави Кевин Муњоз, претставник на Белата куќа.

Официјалниот претставник на Белата куќа изјави за Си-Ен-Ен дека се дадени инструкции за одредени исклучоци, како и список кои вакцини против коронавирус ќе бидат прифатени.

-Центрите за контрола и превенција на болести веќе ги известија авиокомпаниите дека сите вакцини одобрени од ФДА, како и сите вакцини одобрени од СЗО, ќе бидат прифатени за влез во земјата со авион. Очекуваме истото да биде и на копнените граници“, рече службеникот.

Слични содржини