Легендарниот поранешен дефанзивец на Челзи, Џон Тери, не остана должен на шегата на играчот од средниот ред на Тотенхем, Џејмс Медисон, по големиот успех на „Петлите“ во Лигата на Европа. Севернолондонскиот клуб неодамна го освои својот прв европски трофеј по речиси две децении, триумфирајќи во Лигата на Европа и завршувајќи 17-годишна „суша“ без титула.
Ова беше историски момент за клубот, но и повод за старата расправија меѓу двајца познати англиски фудбалери да се разбуди повторно. Медисон, кој не настапи во финалето, но учествуваше во прославата и ја доби својата медала, објави слика на Инстаграм со соиграчот Бренан Џонсон и трофејот. Во описот напиша:
„Го облеков дресот, по патот на Тери“, алудирајќи на моментот од 2012 година кога Џон Тери, иако не играше во финалето на Лигата на шампионите, се појави во дрес за да ја подигне титулата со Челзи. Но, Џон Тери не ја прифати шегата на Медисон. Напротив, му одговори остро и со доза на сарказам:
„Се сеќавам на мојот прв трофеј, Бог да ве благослови. Извадете ја текилата, момци, каква сезона само! Треба да бидете горди. Само уште 16 трофеи и ќе ме стигнете. Мислам дека имате шанса – ако живеете уште 900 години!“
Тери го заокружи својот одговор со видео од просторијата во неговиот дом каде што ги чува сите освоени титули и награди, а следбениците ги поздрави со:
„Добро утро и прекрасен ден на сите“.
Интернетот брзо реагираше – едни застанаа на страната на Медисон, велејќи дека се работи за невина шега, додека други го поддржаа Тери, истакнувајќи го неговото огромно фудбалско наследство. Со оглед на бурното минато на Тери, вклучително и контроверзната афера со сопругата на неговиот поранешен соиграч Вејн Бриџ, многумина не се изненадија што тој не покажал чувство за хумор во моменти на радост на стар ривал.
John Terry responds to Maddison’s Instagram story joking about being in a full kit as “John Terry Mode” pic.twitter.com/hb3bcMXf14
— CFCDaily (@CFCDaily) May 22, 2025