Само уште еден детал го дели Нејмар од враќање во Бразил

од Nikola Popovski
27 прегледи

Бразилскиот фудбалер Нејмар е многу блиску до враќање во Сантос, клубот во кој ги направи првите професионални чекори.

Постигнат е вербален договор помеѓу Нејмар и Сантос, пренесува познатиот фудбалски инсајдер и новинар, Фабрицио Романо. Останува само да се постигне договор помеѓу Ал Хилал, клубот во кој моментално членува Нејмар и Сантос.

Според Романо, Нејмар кажал „да“ на овој трансфер и останува само да се почека целосниот расплет.

На 32 години, Нејмар повторно ќе го облече дресот на Сантос, клубот во кој ја започна својата кариера пред да се пресели во Барселона во 2013 година, под услов финалните преговори да не се искомплицираат.

Бразилецот подоцна играше за ПСЖ, а потоа и за Ал Хилал, каде повредите го спречија да настапи на очекуваното ниво.

Слични содржини