Пред истекот на законските рокови, само ВМРО ДПМНЕ достави листа со предлози за членови на избирачките одбори. Единствено само СДСМ ќе ги бојкотира изборите,а ДУИ и ДПА се уште молчат околу тоа дали ќе делегираат свои претставници.

Партиите кои ќе учстевуваат на изборите ќе мора да ги достават до полноќ. ДИК ги информирала општинските изборни комисии дека во текот на денот треба постојано да бидат на располагање и да ги чекаат предлозите.
Комисиите треба да проверат дали предложените кандидати ги исполнуваат условите предвидени во Изборниот законик и листата со предлози да ја достават до ДИК.
Според роковникот на ДИК, политичките партии се должни да ги достават листите за пратеници најдоцна до 11 мај.
Изборната кампања почнува на 16 мај, а завршува на 3 јуни.
Вчера, пак, беше последниот ден за собирање потписи за предлог на листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија од група избирачи за изборите на 5 јуни, но до подрачните одделенија на ДИК не пристигна ниту една листа.
Од ВМРО-ДПМНЕ сè уште стојат на ставот дека избори ќе се одржат по секоја цена на 5 јуни, СДСМ тврди дека ќе ги бојкотира, а ДУИ и ДПА тактизираат и не даваат прецизен одговор.