Самоопределување на Курти стана дел од здружената албанска опозиција во земјава

од Nikola Popovski
512 прегледи

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, изјави дека од вчера движењето Самоопределување на косовскиот премиер, Албин Курти ќе биде дел од здружената албанска опозиција во Северна Македонија.

Меџити посочи дека Самоопределување ќе биде дел од Европскиот сојуз за промени.

-Тоа значи дека од денеска Европски сојуз за промени ќе го сочинуваат четири политички партии, а Самоопределување е една од нив и ние заедно работиме на програмата, истакнал Меџити.

Советникот на косовскиот премиер Албин Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, вчера изјавил дека движењето Самоопределување ќе биде четвртиот столб на албанската опозиција во земјава.

Ќоку изјави дека Самоопределување ќе придонесе за политички промени во Северна Македонија, заедно со Демократското движење, Алтернатива и движењето БЕСА.

Ќоку ги повика претставниците на Алијансата за Албанците да им се приклучат на опозициските партии на Албанците и додаде дека како поранешен член на Алијанса за Албанците „го познава опозицискиот дух“ на оваа партија.

Слични содржини