Самостојниот синдикат за здравство излегува на протест

од Nikola Popovski
125 прегледи

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржан од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), за денеска најави протест пред Министерството за здравство.

Протестот го организираат за да го изразат незадоволството од непотпишување на анексот на колективниот договор за здравствена дејност со што требаше да се зголемат платите на вработените во овој сектор.

Протестот е закажан во 10 часот пред Министерството за здравство.

ССМ на 2-ри април организираше уште еден протест. Тој се одржа пред зградата на Врховниот суд, каде што „судиите добија жолт картон“ поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом.

За 1 мај, пак, ќе се организира традиционалниот првомајски марш од кој ќе биде испратена порака дека работниците очекуваат најмалку 450 евра минимална плата во првите 100 дена од новата влада и враќање на хранарината и превозот.

Според проценките на синдикатите, со непотпишувањето на анексот повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата.

Слични содржини