Сампрас: За мене Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Поранешниот број 1 на светската АТП листа, Пит Сампрас (САД) смета дека Новак Ѓоковиќ (Србија) е најдобриот тенисер на сите времиња.

Дебатата трае подолго време, Ѓоковиќ, Роџер Федерер (Швајцарија) и Рафаел Надал (Шпанија) во моментов го држат рекордот со освоени 20 Гренд слем титули, но за Сампрас нема дилема која од тројцата треба да се смета за најдобар

34-годишниот Србин е најмладиот од триото, а во последната деценија му нема рамен, константен е во настапите, успеа да го подобри рекордот на Федерер по бројот на недели на врвот на светската ранг листа, а на почетокот на месецот обезбеди седми пат да заврши како број 1 на крајот на годината.

„Овие седум години, кои ги заврши како број еден, му се бонус за сите големи титули што ги освои. Но, мислам дека ќе ги цени подобро кога ќе помине повеќе време. Тоа го постигна во период кога доминираше со други двајцата великани, Роџер и Рафа, и му оди многу добро со новата генерација, и мислам дека она што Новак го прави во последните десет години, освојувајќи толку многу титули, упорност, завршувајќи ја годината седум пати како лидер на АТП, за мене ова е јасен знак дека тој е најдобар на сите времиња“, прокоментира Сампрас на официјалната веб-страница на АТП.

Ѓоковиќ, кој минатиот месец го освои и рекордниот 37. трофеј од Мастерс серијата во Париз, ја освои наградата број 1 за 2021 година, откако вчера во првото коло од финалето на АТП во Торино победи во два сета над Норвежанецот Каспер Руд.

„Мислам дека никој нема да може да го подобри тоа достигнување (да заврши седум пати по ред како број еден)“, рече Сампрас.

Слични содржини