Samsung е подготвен со редизајнот на Galaxy Fold

од Vlatko K
182 прегледи

Според запознаени извори, цитирани од Bloomberg, Samsung го завршила процесот на
редизајнирање на Galaxy Fold, откако ги отстранила недостатоците кои доведоа до одложување на
пазарната премиера на смартфонот.

Корејците се очекува да го пуштат моделот на време во предпразничната шопинг сезона на крајот на годината.

Иако е вo финалната фаза на производство на новата варијанта, компанијата се уште не прогласува датум за почеток на продажбата.

Меѓу преземените мерки е проширувањето на горниот слој, кој веќе го покрива целиот екран и
преминува кон надворешната рамка. На овој начин, ќе биде невозможно да се отстрани од
корисниците, што беше најчестиот проблем во дефектните тест парчиња.

Со нов дизајн е и шарката која веќе е по должината на целата висина на уредот, а тоа овозможува максимално истегнување
на покривката на екранот во отворена состојба.

Речиси невидливо е испакнување во средината на екранот, што треба да го спречи појавувањето на нерамнина со текот на времето.

Се очекува Samsung наскоро да почне да испорачува некои од основните компоненти на телефонот, како екранот и батеријата, кон фабриката за асемблирање во Виетнам.

Малку е веројатно сепак новиот премиерен датум да биде прогласен за време на следниот Unpacked настан на 7 август, кога се очекува промоција на новата серија Galaxy Note10.

Првичните планови на Корејците беа да произведат околу милион парчиња од Galaxy Fold оваа година, но по проблемите
кои сепојавија, тоа може и да не се случи.

Слични содржини