Фаблетите од серијата Galaxy Note се дизајнирани првенствено за бизнис средините, но тие се исто така популарни кај обичните корисници. Samsung традиционално го претставуваат новиот модел во втората половина на годината и ќе продолжи да ја гради оваа стратегија во 2019 година. Тоа значи дека Galaxy Note 10 ќе биде објавен во август или септември следната година. Корејското издание „TheBell“ објавува интересни детали за претстојниот паметен телефон.
Излезе дека Samsung планираат да го користат во Galaxy Note 10 најголемиот дисплеј во серијата досега. Потсетуваме, Galaxy Note 9 е опремен со 6,4-инчен екран. Следната верзија на уредот дополнително ќе ја зголеми оваа вредност, откако панелот ќе биде со големина од 6,66 инчи и ќе биде на база на софистицирана OLED технологија. Самите екрани ќе бидат произведени од Samsung Display, кој веќе почна да работи на нив. Кодното име на Galaxy Note 10 е Da Vinci.
Зголемувањето од 0,2 инчи ќе му овозможи на уредот да се натпреварува поуспешно со 6.5-инчниот iPhone Xs Max. Компанијата работи на неколку прототипи кои имаат различен дизајн и ќе се обидат да искористат колку што е можно повеќе простор со намалување на рамката околу екранот. На овој начин ќе се постигне импресивен сооднос меѓу екранот и телото. Допрва ќе дознаваме повеќе за Galaxy Note 10.