Samsung може да го објави првиот смартфон со дисплеј на преклопување во ноември

од Vlatko K
89 прегледи

Во интервју за CNBC, првиот човек на Samsung Mobile, Ди Џеј Кох навести дека компанијата можеби ќе го покаже својот паметен телефон на преклопување на претстојната конференција на Samsung Developer во почетокот на ноември. Според неговите зборови, развојот на моделот е завршен и го оквалификува како „комплексен“.

Кох, исто така, потврди дека паметниот телефон може да се користи додека е преклопен, што може да укаже на присуството на втор екран. Тој открива дека во моментов Samsung Mobile се обидува да ја разграничи работата со уредот во непреклопена состојба од работата со традиционален таблет, за да им обезбеди на корисниците јасни аргументи да си го купат смартфонот кога излезе.

Со оглед на најновите информации го очекуваме смартфонот на Samsung на пазарот до крајот на годината или почетокот на 2019 година. Ако се оди според планот, компанијата ќе ги надмине Huawei, која изјави амбиција да ги пушти првите смартфони со екран на преклопување.